Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска истакна дека не присуствувал на протестот против отворањето на вториот бугарски клуб во земјава, но остро го осуди отворањето на „Цар Борис Трети“.
-За жал, гледаме дека падот на демократијата и затајувањето на институциите им овозможува на оние кои што не ѝ мислат добро на Македонија, да промовираат најгрозоморни идеи и ликови од некои мрачни делови од историјата. Ова промовирање доаѓа како резултат на политиката што СДСМ ја води. Прашањето е зошто се дозволуваат овие провокации и да имаме вакви немили сцени, праша Лефков во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
Според него, има механизми.
-Факт е дека власта потфрла кога треба да има јасни реакции во заштита на македонскиот идентитет. Институциите потфрлаат кога треба да се спротивстават на барањата на Бугарија, јасно е тоа и тоа е поврзано со договорот кој го потпиша Заев со Борисов. Ќе поднесеме закон кој ќе ги регулира овие ситуации да избегнеме вакви изјави дека не биле во можност да спречат, ние остануваме на ставот дека сето ова можеше да се спречи, истакна Лефков.