Зеленски негира дека повикал на нуклеарен напад врз Русија

од Nikola Popovski
158 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски негира дека повикал на нуклеарен напад врз Русија, туку, како што вели, употребил украински збор што бил погрешно разбран.

-Русија го искористи тоа во своја полза, вели Зеленски и тврди дека руските власти почнале да го „подготвуваат општеството“ за можна употреба на нуклеарно оружје, но дека тој не верува дека се подготвени да го употребат.

-Тие почнуваат да го подготвуваат своето општество. Тоа е многу опасно. Тие не се подготвени да го направат тоа, да го користат. Но, тие почнуваат да комуницираат. Тие не знаат дали ќе го користат или не Мислам дека е опасно дури и да се зборува за тоа, рече Зеленски во интервју за Би-Би-Си.

Слични содржини