154
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ од Палатата Србија денеска изјави дека во план е изградба нафтовод до Северна Македонија и пристаништето Драч.
– Ќе разговараме за тоа со нашите партнери од Отворен Балкан – рече тој и додаде: „Досега направивме се што е можно. Имаме значителни резерви на нафта и дизел. Тоа ни е доволно за 75 дена ако некој ни го прекине снабдувањето“.