Левица: Во Македонија и на Балканот нема повеќе простор за рехабилитација на фашистичките идеи

од Destan Jonuzi
118 прегледи

И партијата Левица го осудува формирањето на здруженија на граѓани преку кои се враќа и афирмира фашизмот на територијата на Македонија.

– Духот на антифашистичката победа над силите на мракот засекогаш ќе ги разбранува срцата на нациите победници, кои го изградиле новиот свет, не оставајќи место за идеите за уназадување на човештвото. Пламенот на победата на македонската и југословенската држава над силите на оската и балканските предавници и слуги, вечно ќе гори во срцата на македонскиот народ. Во Македонија и на Балканот нема повеќе простор за рехабилитација на фашистичките идеи за потчинување на единството и рамноправноста помеѓу народите на сметка на туѓи империјалистички интереси. Македонија се буди!, се вели во партиското соопштение на партијата Левица.

Слични содржини