Хрватската старлета, водителка и писеталка Нивес Целзиус на социјалните мрежи се пофали дека била во Вила Водно во Скопје на прием кај претседателот на Македонија Стево Пендаровски.
Атрактивната старлета на социјалните мрежи сподели и видео на кое може да се види како ги бакнува припадниците на претседателската гарда кои стражарат пред Вилата Водно.
Хрватската стралета која е дел од учесничките на ревијалниот турнир на медиуми во мал фудбал во чест на 30 роденден на Спортското радио на социјалните мрежи објави и фотографија на кој позира во друштво на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
Инаку, на официјалната веб-страница на претседателот на Македонија е објавена вест за приемот.
„Претседателот Стево Пендаровски денеска прими медиумски работници од областа на спортот по повод почетокот на традиционалната спортско-забавна манифестација „Турнир во мал фудбал на медиуми”, што по 30. јубилеен пат ја организира Спортско радио 90.3 ФМ”, стои во соопштението.