Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија, Дарко Димовски синоќа најави дека Синдикатот ќе ги разгледа антикризните мерки што ги претстави премиерот Димитар Ковачевски и ќе го изнесе својот став на седницата на Економско-социјалниот совет во среда.
Според Димовски, „Владата треба да знае дека треба да се помогне на работниците кои земаат пониски плати“.
-Премиерот кажа дека никој нема да оставиме сам да се справи со кризата. Еве ние работниците сме оставени. Во кој дел сме ние тука помогнати јас не знам и ќе прашам на Економско социјалниот совет, рече Димовски во гостувањето на вестите на Тв Сител.
Тој посочи дека преку 110.000 работници се на минимална плата согласно податоците на УЈП.
-Знаејќи дека една минимална плата од 18.000 денари и една просечна плата од 31.800 денари не ја покриваат оваа минимална синдикална потрошувачка кошничка која му треба на едно четиричлено семејство да го преживее месецот, дали ова е доволен показател дека требаше баш во овие мерки од 350 милиони, како што велат од Владата да бидат вкалкулирани овие работници, укажа првиот синдикалец.