СДСМ го допреа дното со поставување на стар и истрошен транзиционен лик како Ристо Пенов за министер за локална самоуправа, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според најголемата опозициска партија, поставувањето на поранешниот градоначалник на Скопје за министер е уште еден скандал.
-Навистина не знаеме на што да сме позачудени, дали во изборот на овој стар транзициски истрошен кадар, или пак на смешните обиди на дел од провладините портали кои се обидоа да го величат ликот и делото на Пенов. Во овие смешни текстови, кои симултано се појавија на повеќе портали, тие Ристо Пенов го карекреризираат како успешен градоначалник, со измислена титула на „татко на современата функционалност на Скопје“, за понатаму да наведат 3-4 проекти по кој (според нив) придонесле за развојот на Скопје, истакнуваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ истакнува и низа работи кои, како што вели, „Пенов ги направил додека бил градоначалник“.
– Скопје е целосно распродаден град во време на градоначалникот Пенов. Во времето кога Пенов е градоначалник, се прави најголемиот грабеж на добрата со кои располагаше Градот, каде целосно се приватизирани Топлификација, Градски Аптеки, ГТЦ со сите дуќани, Скопски пазари… Сите овие добра, кои беа на располагање на Градот Скопје, во овој период се даваат за багателни цени за привилигираните функционери на СДС, а Скопје е оставено без никакви ресурси за негов понатамошен развој.
-Ристо Пенов е човекот кој со неговата неспособност и сомнителни тендери сериозно го оштети Камениот мост, симбол на Скопје. За време на реконструкцијата, поради неквалитетната изработка во летото во 2002 година во водите на Вардар се урна Стражарската кула. Пред неколку години, во должина од 30-на метри се распукаа новите плочи од травертин, кој при овој зафат на Пенов ја заменија старата коцка.
-Покрај асистирање во грабежот на државните и градските добра, во времето кога Пенов е градоначалник нема тендер за кои нема големо сомневање за корупција и криминалните дејствија.
-Во време на Ристо Пенов оставени целосно се руинирани јавните градски претпријатија, каде истите се финансиски руинирани, со стара нефункционална механизација и возен парк, со екстремна превработеност, стои меѓу другото во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.