Јованоски од Левица е осуден за инцидентот со Заев на Могилата на непобедените

од Nikola Popovski
302 прегледи

Партијата Левица денеска соопшти дека нејзиниот член Иван Јованоски првостепено е осуден во случајот со нарушување на јавниот ред и мир и омаловажување на поранешниот премиер Зоран Заев.

-На само еден ден пред Денот на народното востание на македонскиот народ, нашиот член прекршочно е осуден за настанот од минатогодишното одбележување на 11 октомври на Могилата на непобедените.

Јованоски тогаш му упати порака на Заев дека поради неговите предавнички политики и бришењето на антифашистичкото минато, тој нема никакво право да се појави и да оддаде чест пред жртвите на АСНОМ, велат од партијата.

Левица соопшти дека ќе ги искористи сите инстанци за да ја обжали пресудата. За овој вид прекршок, според Законот е предвидена парична глоба.

Јовановски беше еден од 11-темина членови на Левица кои пред една година застанаа споменикот и го попречија патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња. Делегациите од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, од Владата, од Собранието, од Армијата, од Сојузот на борци, дипломатски делегации и други, мораа да ги заобиколуваат за да стигнат до местото каде требаше да положат цвеќе и да оддадат почит.

Слични содржини