Во ЦРМ поднесена пријава за регистрација на клубот „Цар Фердинанд“ во Богданци

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Во Централниот регистар на РСМ е поднесена пријава за регистрација на клубот „Цар Фердинанд“ во Богданци, соопштија од регистарот за „Сител“ додавајќи дека пријавата е во постапка на разгледување.

Разгледувањето на документацијата за регистрација на овој клуб веројанто ќе биде првата задача која што ќе ја има ад хок советодавното тело кое го формираше Минситерот за правда, Тупанчевски како преодно решение до донесување на нов закон за регистрација на здруженија за кои детали треба да бидат објавени до крајот на месецот.

Со новото законско решение треба јасно да бидат уредени условите врз основа на кои ќе може да се регистрира здружение но и дали истото има назив на контроверзна историска личност.