Иницијативата за референдум од Левица се уште не стингала во рацете на Џафери

од Destan Jonuzi
165 прегледи

Иницијативата за одржување на референдум од партијата „Левица“ се уште не стигнала кај претседателот на Собранието Талат Џафери, соопшти неговиот Кабинет.

– До овој момент претседателот Џафери ја нема примено Иницијативата за одржување референдум од политичката партија Левица. Во моментот кога официјално ќе ја примет Иницијативата ќе информираат преку соопштение за одговорот на претседателот на Собранието кон подносителот на иницијативата, , информираат од Кабинетот на Џафери.

„Левица“ во петокот поднесе Иницијатива за референдум со 750 собрани потписи. Референдумското прашање што го предлагаат е: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022?”.

Пратеникот и претседател на партијата „Левица“, Димитар Апасиев тогаш изјави дека процедурата институционално била комплицирана изразувајќи надеж дека ќе се исплати бидејќи формално правно прашањето е јасно поставено и оти не очекува Џафери да го отфрли.

Слични содржини