Премиерот не очекува друга промена во владиниот состав

од Берта Китинска
143 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски уште еднаш потврди дека освен во Министерство за локална самоуправа, не очекува смена во владиниот состав, ниту на министерските позиции од кадри на ДУИ.

„Јас не очекувам смена во другите ресори, еве тука има министер од ДУИ кој што учествуваше во изградбата на најголемата фотоволтаична централа во државата, министер за економија во чиј што мандат е тоа направено“, рече Ковачевски.

Ковачевски потврди дека Владата денеска ќе ја испрати во Собранието номинацијата на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, откако тој ќе ја потпише.

„Штом ќе заврши овој настан ќе ја потпишам номинацијата за Пенов и ќе ја испратам во Собранието, како што кажав дека во понеделник ќе го направам тоа“, рече Ковачевски.

Оставката на министерот Горан Милевски, која минатиот понеделник пристигна во Собранието, треба да биде констатирана на првата собраниска седница, закажана за 17-ти октомври.

Слични содржини