Поранешниот министер за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека со неговите колеги на Клиниката за Неврохирургија успешно направиле операција на рбет кај млад пациент кој имаше големи здравствени проблеми и тегоби.
„Со моите колеги на Клиниката за Неврохирургија успешно направивме операција на рбет кај млад пациент кој имаше големи здравствени проблеми и тегоби. Попуштањето на дискусот кај пациентот го имаше нарушено неговото секојдневно функционирање. На моите колеги кои ми асистираа им благодарам за напорната и посветена работа со која го вративме квалитетот на животот на младиот пациент. На пациентот му посакувам многу здравје и што побрзо опоравување. Тој сега може да се врати на нормалните животни и работни обврски“, пишува Филипче.