Таравари убеден: ДУИ ќе го поразиме сами, без коалиција со друга партија

од Берта Китинска
175 прегледи

На следните парламентарни избори, Алијанса за Албанците ќе го порази ДУИ, вели градоначалникот на општина Гостивар и в.д. лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ .

„ За ова сум убеден. ДУИ ги изгуби најголемите општини, Тетово и Гостивар, така на следните избори ќе ги поразиме секаде во државата“, вели Таравари.

Тој додава дека на минатите избори имало манипулации, но наредните избори тоа нема да им успее, бидејќи сега се уште посилни.

„ДУИ ќе го поразиме сами, без никаква коалиција со друга партија“, изјави Таравари.

Слични содржини