Ковачевски: Аманетот да носиме државнички одлуки е света должност за сите генерации

од Берта Китинска
158 прегледи

Оддаваме достоинствена почит на борците, кои во 1941-та година застанаа на вистинската страна и го започнаа народното востание во Куманово и во Прилеп.
Положените животи на борците во Народноослободителната борба се втемелени во нашата денешна независна и суверена држава и остануваат вечен светилник за патот на напредокот, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковчаевски по повод 11 Октомври.

-Аманетот да носиме државнички одлуки и да бидеме на вистинската страна и сега и секогаш, е света должност за сите генерации. Денеска со највисоки државни почести се поклоновме пред Спомен костурницата на борците од НОБ во револуционерно Куманово. Го исполнуваме заветот. Ги чуваме мирот и слободата во Република Северна Македонија и го продолжуваме напредокот, напиша премиерот.