Ковачевски: Зачленувањето во ЕУ е историска шанса која не смее и нема да се пропушти

од Берта Китинска
117 прегледи

Да се биде на вистинската страна, значи да се избере патот на мирот и напредокот. Денес, повторно, нашата денешна битка е токму таква – да продолжиме по патот на мирот и прогресот, без да дозволиме кој било, што било и било кога да ни го попречи овој пат, порача премиерот Димитар Ковачевски на централната манифестација во Куманово организирана по повод 11 Октомври – Денот на народнот востание.

Тој напомена дека членството во Европската унија нам ни е потребно, за да се осигура развојот на државата, според европските демократски принципи и стандарди.

-Но, и на Европската унија ние сме ѝ потребни, како стабилизирачки фактор во регионот на Западен Балкан. Оваа историска шанса не смее и нема да се пропушти, порача премиерот.

– Овој избор е пред генерациите на денешнината и на ова прогресивно политичко раководство на државата. Владата и јас како премиер сме подготвени да предводиме на патот кон целосно зачленување во ЕУ, со целосна цврста и трајна заштита на националните и државните интереси, подвлече Ковачевски.

Членството во Европската унија нам ни е потребно, за да го осигураме развојот на државата, според европските демократски принципи и стандарди. Но, и на Европската унија ние сме ѝ потребни, како стабилизирачки фактор во регионот на Западен Балкан. Оваа историска шанса не смее и нема да се пропушти, порача премиерот Димитар Ковачевски на одбележувањето на Денот на народното востание во Куманово.

Најважно и неопходно, според Ковачевски, е да се продолжи со забрзани чекори кон евроинтеграцијата бидејќи, како што посочи, полноправното членство во ЕУ е да се биде на вистинската страна.

– Овој избор е пред генерациите на денешнината и на ова прогресивно политичко раководство на државата. Владата и јас како премиер сме подготвени да предводиме на патот кон целосно зачленување во ЕУ, со целосна цврста и трајна заштита на националните и државните интереси, подвлече Ковачевски.