235
Леталото ДАРТ, кое американската вселенска агенција (НАСА) намерно го урна во астероид минатиот месец, успеа да го исфрли астероидот од својата природна орбита, објави денеска шефот на агенцијата, поранешниот американски астронаут Бил Нелсон.
Наодите од телескопските набљудувања презентирани на прес-конференцијата, организирана од НАСА, покажаа дека мисијата на судирот на леталото со астероидот на 26 септември ја постигнала својата примарна цел – промена на правецот на движење на астероидот.
НАСА ја изврши оваа мисија како дел од тестот за „поместување“ на астероидот од патеката и претставува прв обид од ваков вид да ја спаси Земјата од можно уништување при судир со други небесни тела.