Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан и претседателот на Русија, Владимир Путин ја имаа првата заедничка средба.
Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, на средбата со рускиот лидер Владимир Путин дојде облечен во црни патики, јави дописникот на РИА Новости.
BREAKING: #BNNRussia Reports.
President Putin is holding talks with his United Arab Emirate counterpart President Mohammed bin Zayed Al Nahyan in St. Petersburg. Their chosen format is one-on-one. The Kremlin has not disclosed the agenda of the talks. #UAE #Ukraine #Politics pic.twitter.com/QRvCT9GSU2
— Gurbaksh Singh Chahal (@gchahal) October 12, 2022
На видеото од работната посета може да се види дека тој комбинирал спортски обувки со традиционалниот арапски кандур. Путин на состанокот се појавил во кондури и деловен костум со виолетова вратоврска. Претседателот на Обединетите Арапски Емирати вчера пристигна во Санкт Петербург на разговори во формат еден на еден со Владимир Путин.
Ова беше нивна прва средба лице в лице по изборот на Ал Нахјан на функцијата. Последен пат претседателите на Русија и ОАЕ телефонски разговарале во мај оваа година.
Путин и Ал Нахјан особено внимание посветиле на прашањата за соработка во трговската, економската и инвестициската сфера.