Состојки:
– 540 гр брашно
– 1 кесичка квасец
– 1 лажичка прашок за пециво
– 200 мл млеко
– 50 мл вода
– 60 гр шеќер
– 1 јајце
– 1 ванилин шеќер
– 50 гр мек путер
– масло за пржење
– 100 гр шеќер
– 1 кесичка цимет
Подготовка:
Измешајте го брашното со сите суви состојки. Додадете го путерот во млекото, загрејте го додека не биде млако, па додадете го во сувите состојки.
Додадете јајце и вода, па сè добро измешајте. Оставете на топло место да се удвои во волумен.
Тестото ставете го на набрашнета работна површина, расукајте го со дебелина од два сантиметри, па исечете кругови еден по еден и со најмала чаша што имате, исечете уште еден на средина.
Оставете ги да нараснат уште 20 минути.
Во длабок сад загрејте уште малку масло, па пржете ги крофните од двете страни додека не добијат убава златно-кафеава боја.
Кога ќе бидат готови, валкајте ги во мешавина од шеќер и цимет, но додека се уште се топли.