181
Денеска (12.10.2022) во 10.10 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(46) од Скопје.
За него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено поправна установа за издржување на казната.