Украина тврди дека нејзините сили повторно зазеле пет населени места во областа Херсон

од Stefanija Kuzmanovska
117 прегледи

Украинската оперативна команда на југот на земјата соопшти дека нејзините сили повторно зазеле пет населени места во регионот Херсон.

Населбите Нововасиливка, Новохрихоривка, Нова Камијанка, Трифонивка и Червоне во Бериславскиот округ вчера беа повторно заземени, изјави портпаролот на оперативната команда Владислав Назаров.

Овие населби се во еден од четирите региони кои Русија неодамна ги анектираше.

Слични содржини