Маск лансираше парфем и веќе заработи милион долари

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, „намириса“ нова можност да инвестира во необични производи, па лансираше парфем наречен „Burnt Hair“. Тој вели дека за само неколку часа биле продадени 10.000 шишиња, а заработката од продадените парфеми изнесува милион долари.

„Започнувањето на бизнис со парфеми беше неизбежно, со оглед на препознатливоста на моето име. Зошто воопшто се борев против тоа толку долго“, напиша Маск на Твитер.

На неговиот сајт пишува дека шише парфем чини 100 долари, а до заинтересираните треба да почне да се доставува во првиот квартал на 2023 година.

Маск и претходно инвестираше во различни бизниси. Така, во 2020 година, тој го лансираше премиум брендот текила Tesla, по цена од 250 долари. Шишињата се направени рачно, во форма на гром, а еден купувач може да добие најмногу две шишиња.

Слични содржини