Амбасадорката Бет ван Шаак од Канцеларијата за глобална кривична правда при Стејт департментот денеска во разговор на интернет за белградските медиуми оцени дека само рускиот претседател Владимир Путин може да стави крај на војната во Украина, но изрази и уверување дека Пекинг може да го убеди да се пресели на преговори и да се запре ескалацијата на конфликтот.
„Некои земји се повлијателни, како Кина, и мислам дека Русија ќе ја слуша Кина, има силен глас и е неверојатно силна, таа е постојана членка на ОН, па се надевам дека Кина сега ќе го убеди Путин да престане агресијата, ескалацијата на нападите врз Украина, се оди на преговарачка маса за да се постигне мир“, рече Ван Шаак на прашањето што мисли дека би можело да го спречи Путин.