Зеленски потпиша указ за санкции против Јанукович и Дерипаска

од Nikola Popovski
187 прегледи

Владимир Зеленски го потпиша указот за блокирање на имотот на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович и рускиот бизнисмен Олег Дерипаска.

Во документот објавен на веб-страницата на Зеленски, се прецизира дека се работи за привремено блокирање на имотот во рок од 10 години.

Се наведува дека со оваа мерка се опфатени и членот на Управниот одбор на Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи, Павел Лебедев и сопственикот на групацијата компании Гас Украина, Сергеј Курченко, пренесува РИА Новости.

Претходно овој месец, украинските медиуми објавија дека Советот за национална безбедност и одбрана на Украина одобрил список на санкции, во кој се вклучени бизнисмените Евгениј Пригожин, Олег Дерипаска, Роман Абрамович, украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук и неговата сопруга Оксана Марченко, поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович и неговиот син Александар, како и патријархот московски и на цела Русија Кирил.

Слични содржини