Украинскиот министер за одбрана: Украина де факто стана членка на НАТО (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Долгорочната соработка меѓу Украина и НАТО ни овозможува да кажеме дека земјата веќе де факто стана членка на алијансата, изјави украинскиот министер за одбрана, Алексеј Резников.

„Благодарен сум на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за неговата поддршка за Украина. Поминавме долг пат и де факто ѝ се приклучивме на алијансата“, напиша тој на Твитер.

Украинскиот претседател Владимир Зеленскиј претходно изјави дека е неопходно да се признае фактот дека Украина нема да стане членка на НАТО. Но, на крајот на септември потпиша барање за членство во воено-политичкиот блок по забрзана постапка.

Столтенберг не одговори на директното прашање на новинарот дали алијансата е подготвена да ја разгледа ваквата апликација. Европскиот комесар за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, на 6 октомври изјави дека Киев не може да се приклучи на НАТО во услови на непријателства на украинска територија.