На Алекс Џоунс, теоретичар на заговори кој лажно тврдел дека пукањето во училиштето „Сенди Хук“ во 2012 година е измама, му е наредено да плати 965 милиони долари отштета на семејствата на жртвите во тој масакр.
Семејствата на 8 жртви и агент на ФБИ, кој одговорил на нападот, побараа најмалку 550 милиони долари на судењето за клевета во Конектикат. Тврдат дека дезинформациите на десничарскиот радиоводител довеле до децениско вознемирување и закани со смрт.
Во основното училиште „Сенди Хук“ беа убиени 12 деца и 6 возрасни лица. Џоунс со години тврдеше дека масакрот е лажен, владина завера за да се одземе оружјето од Американците. Тврдеше дека „никој не умрел“.
Родителите на жртвите ги нарече „кризни актери“ и тврдел дека некои од нив не ни постојат.
Џоунс подоцна призна дека нападот бил „100 отсто вистински“, односно тоа го направи во август на одвоено судење за клевета во Тексас.
Додека беше читана пресудата, членови од семејствата на жртвите беа видно емотивни, а некои и се расплакаа. Судењето беше одбележано од емотивното сведочење на родителите кои останаа без деца. Некои опишаа дека биле изложени на интернет омраза, а други дека морале постојано да се преселуваат поради безбедносни причини.