Ковачевски: ФРОНТЕКС е првиот од многуте договори со ЕУ кој ќе се потпише на македонски јазик

од Берта Китинска
116 прегледи

Советот на ЕУ денеска ја усвои одлуката за потпишување на договорот за гранично управување меѓу ЕУ и Северна Македонија, на чист македонски јазик, без додавки и ѕвездички, напиша вечерва на Фејсбук македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

-ФРОНТЕКС, е првиот од многуте договори со Европската Унија кој ќе се потпише на македонски јазик, како рамноправен со останатите јазици на ЕУ.Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, со овој договор но и со преведувањето на целокупното европско законодавство добива исклучително важна потврда. Државните, националните интереси и интересите на граѓаните се во фокусот на оваа Влада и никогаш нема да отстапиме од нив, напиша Ковачевски.