Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан ги шокираше сите со изјавата дека имала интимни односи со поранешниот партнер пред каминот, и тоа во „чест на својата баба“.
Таа ја раскажала приказната дека имала секс со Пит Дејвидсон пред каминот и на својата баба Ем Џеј.
– Пит и јас бевме во хотелот Беверли Хилс минатиот викенд и седевме пред каминот и разговаравме со часови. И тогаш му кажав дека баба ми секогаш ми велеше дека не си живеел навистина ако не си водел љубов пред каминот. И така тогаш го направивме тоа пред каминот, во твоја чест – отворено изјави Ким во најновата епизода од семејната шоу програма.
Таа додаде и дека „акцијата“ била морничава.
– Колку е морничаво да мислиш на баба ти пред секс – се пошегува Ким, на што нејзината баба одговорила:
– И јас некогаш бев млада. И јас бев млада…
Да потсетиме, Ким и Пит неодамна ја прекинаа врската која траеше девет месеци, а како што беше откриено останале во добри, пријателски односи.