292
Американската компанија SpaceX, во сопственост на Елон Маск, го известила министерството за одбрана на САД дека повеќе не може да плаќа за сателитските комуникациски услуги Starlink кои ѝ се пружаат на Украина, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на документи до кои дошле.
„Не сме во позиција да донираме дополнителни терминали на Украина, или да ги финансираме постоечките терминали“, навел директорот на компанијата во писмото до Пентагон.
Од компанијата се бара американското министерство за одбрана да плати за испораката на новите терминали на владата во Киев и да го преземе финансирањето на користењето на системите во Украина.