„Никогаш нема да ви го простиме ова“: Првата дама на Украина објави драматично ВИДЕО

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, објави на Инстаграм шокантно видео од разорниот руски бомбашки напад во Николаев.

Како што изјави сопругата на претседателот Владимир Зеленски, во бомбардирањето загинало 11-годишно момче.

„Нилколаев. Единаесетгодишно момче е спасено од урнатините на сопствената куќа уништена од проектил. Борбата за неговиот живот продолжува – татко му не може да ги задржи солзите. Зошто родителите мора да ги ископуваат своите деца од урнатините?“, напиша Зеленска во оригиналниот твит, заедно со пожарникарите кои се обидуваат да го спасат момчето од урнатините.

Меѓутоа, во друг подоцнежен твит, првата дама на Украина откри дека момчето ја загубило битката во болница.

„За жал, срцето на момчето застанало во болница. Никогаш нема да ви го простиме ова. Како и убиството на илјада други деца. Нашата болка и гнев ќе ги претвориме во сила и ќе ги запреме овие терористи“, напиша таа.

Слични содржини