Белорусија е подготвена: „Воведен режим на контратерористичка операција“

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Во Белорусија е воведен режим на контратерористички операции, безбедносните структури се подготвени да пружат отпор на секоја провокација од соседните земји, изјави министерот за надворешни работи на републиката, Владимир Макеј.

„Шефот на нашата држава одржа неколку средби со безбедносните структури, воведен е режим на контратерористичка операција“, објави Макеј во интервју за „Известија“.

Тој ја потврди информацијата дека „одредени соседни држави планираат провокации, кои најверојатно се поврзани со окупација на одредени делови“ на територијата на Белорусија.

Тој посочи дека донесените мерки се неопходни за безбедноста на граѓаните, „за да не стапне окупаторската нога на ниту еден метар на Белорусија“.

Претходно шефот на белоруската КГБ, генерал-полковник Иван Тертели изјави дека Западот се обидува да отвори втор фронт со цел да ги пренасочи ресурсите на Русија.

Слични содржини