Тина Тарнер доби барбика со нејзиниот лик (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
265 прегледи

Познатиот производител на играчки Matel направи барбика во чест на пејачката Тина Тарнер, со што ја одбележа четириесетгодишнината од нејзиниот голем хит „What’s Love Got To Do With It“.

Барбиката ја носи облеката што Тарнер ја носеше во спотот на нејзината позната песна – црн мини фустан во комбинација со тексас јакна – и ја има фризурата со потпис на славната пејачка.

„Чест ми е да ѝ посакам добредојде на мојата барбика во групата познати жени кои веќе беа претставени на овој начин и да ја пренесам приказната за моето патување до уште повеќе деца на овој начин“, наведе 82-годишната Тарнер во својата изјава.

Слични содржини