341
Ревијата на британскиот бренд Alexander McQueen во Лондон привлече внимание поради појавата на 53-годишната Наоми Кембел.
Таа гордо прошета пред присутните, а според многумина сѐ уште важи за кралица на пистата.
Таа на Инстаграм сподели видео и фотографии од ревијата.
„Прекрасна си“, „Засекогаш убава“, „Тоа е тој начин на одење“, се дел од коментарите под објавата која има скоро 300.000 лајкови.
Наоми во 2021 година стана мајка. Се шпекулира дека нејзината ќерка е родена од сурогат мајка, но таа тоа никогаш не го потврди, ниту одрече. Во интервју изјави дека тоа е нејзино биолошко дете, односно дека девојчето не е посвоено.