Маричиќ: Кризата не е изговор, туку е реална пречка

од Берта Китинска
119 прегледи

Кризата не е изговор, кризата е реална пречка. Ако ние имаме период во кој владата неминовно мора да се занимава и со недостатокот на струја и на останати ресурси, за да можеме да ја минеме зимата мирно и спокојно, без посериозни последици. Утре почнува грејната сезона и приоритетите на владата е нормално да бидат фокусирани на менаџирање на последиците од кризата, истакна вицепремиерот Бојан Маричиќ во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ.

Вицепремиерот кажа дека владата е задоволна , но недоволно за да се опуштаме или да не правиме ништо во наредните 12 месеци.

„Имајќи во предвид дека по вкупните оценки сме втори во регионот, веднаш зад Црна Гора, а особено имајќи го предвид контекстот од претходната година во која имавме нов состав на владата, последици од ковид-кризата, војна во Украина и последици од таа војна, мислам дека треба да бидеме задоволни. Оценката да сме задоволни не значи дека треба да застанеме тука, туку да ни биде мотивација во наредната година да одбереме клучни области во кои ќе имаме подобри оценки од оваа година. Задоволни, но недоволно за да се опуштаме или да не правиме ништо во наредните 12 месеци“, рече Маричиќ по првиот извештај на ЕК по почетокот на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

Слични содржини