249
Рускиот вицепремиер Александар Новак денеска изјави дека не гледа можност цените на бензинот во Европа да бидат пониски во блиска иднина.
„Секако, развојот на ситуацијата е непознат, но во моментов не гледаме предуслови цените на бензинот да се вратат на претходните нивоа во блиска иднина“, рече Новак на форумот „Руската недела на енергија“, пренесе ТАС С.