Маричиќ: Неопходен е консензус на партиите за европската иднина

од Берта Китинска
117 прегледи

„Еден од минусите истакнат во Извештајот на Европската комисија е атмосферата во Собранието. Нас ни е неопходна обнова на консензусот во Собранието меѓу партиите, но и во општеството. Треба да знаеме дека без дилеми одиме кон ЕУ“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека поддршката мора да е проширена, не може само Владата и одредена група на граѓански организации да држат на таа агенда.

„Тој возобновен консензус ќе значи и практично покажување на дело од страна на сите. Мора да седнеме на иста маса, без разлика кој каков став имал, дали за францускиот предлог или за други прашања. Ова е патеката која е пред нас“ изјави Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека мора да се искористи почетокот на преговорите и овој извештај за да се тргне во насоката кон ЕУ, но нагласи дека исто така е важно и Европската Унија да даде јасен план дека идејата и целта за членство во ЕУ е реална, опиплива и достижна во догледно време.

Слични содржини