Тинејџер убил пет лица, меѓу кои и еден полицаец во Северна Каролина

од Берта Китинска
218 прегледи

Вчера загинаа пет лица во Северна Каролина, а напаѓачот е 15-годишен тинејџер, соопштија локалните власти.

Тинејџерот е хоспитализиран и се наоѓа во критична здравствена состојба.

„Жртвите се меѓу 16 и 52 години, а меѓу нив има и полицаец кој не бил на должност“, вели началничката на полицијата во Роли, Естела Патерсон.

Засега не е познат мотивот за убиството на петте лица во Роли, Северна Каролина.

Слични содржини