„Путин е подготвен да ги премине црвените линии“

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин е некој кој е подготвен да ја премине секоја црвена линија, смета поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц.

Во интервју за виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“, по повод објавувањето на неговата биографија, Курц изјави дека е загрижен за ситуацијата во Европа.

„Често се среќавав со Путин и верувам дека тој е некој кој е подготвен да премине секоја црвена линија и дека поразот не е опција за него“, истакнал Курц.

Слични содржини