Белорусија: Украина треба да го намали бројот на војници на границата

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Претседателот на белорускиот државен граничен комитет, Анатолиј Лапо, изјави дека за да се избегне евентуален конфликт на границата меѓу двете земји, украинската страна треба да ги повлече своите војници и да не распоредува вооружени странски мисии во таа област, пренесе денеска ТАШ.

„Украина треба да го намали бројот на војници на границата со Белорусија и да има само граничари во таа област за да се намалат предусловите за граничен конфликт“, посочи Лапо во петокот.

„Белоруските граничари се способни да одговорат на сите можни провокации од соседните земји, а границата со Украина бара посебно внимание бидејќи има голем број илегални премини, па се случија провокации“, додаде Лапо.

Слични содржини