Повторно се создава сомнеж дека по кој знае кој пат лукративните зделки и интереси на Владата и трајно неспособниот Ковачевски се ставени над интересот на студентите. Па во наредниот период ќе излегуваат со објаснување како приватизацијата на студентските домови ќе значи подобрување на условите, како бенефит од ова ќе имаат токму студентите, како ќе се подобри стандардот и други лаги кои ќе ги смислат, истакна Сергеј Попов, претседател на Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ.
„Но, реалноста е дека приватизацијата на студентските домови која Владата ќе ја турка во следниот период значи поскапи студентски домови. Студентски домови во кои условите се на мизерно ниво. Студентски домови со поплави во собите, руинирани тоалети, паднати тавани и мензи во кои се служат продукти со изминат рок“, наведе тој.
Владата, вели Попов, наместо да се занимава со решавање на овие проблеми на студентите е преокупирана со приватизација на студентските домови.
„Зошто? Дали можеби по приватизацијата веќе се знае кој ќе стопанисува со истите, односно дали веќе криминалната коалиција СДСМ/ДУИ истите ги има ветено на поединци блиски до нив?“, запраша Попов.