Артис Ајви Трети, најстариот син на раперот Кулио кој почина на крајот на септември, во интервју за странски медиуми откри дека неговиот татко починал од срцев удар.
„Татко ми имаше неколку здравствени проблеми. Тој се грижеше за тие работи. Имаше многу сериозна астма, многу тешка астма. Не се дрогираше цело време, но секој има свои пороци во животот. Тие пороци никогаш не влијаеја навистина на него како татко или човек. Не умре од нив. Имаше срцев удар“, открил Артис.
„Татко ми секогаш нè подготвуваше за работи што може да се случат“, додаде тој.
Тврди дека раперот никогаш не се плашел од смртта.
Раперот Артис Леон Ајви Џуниор, попознат по уметничкото име Кулио, почина на крајот на минатиот месец во куќата на својот пријател.
Долгогодишниот менаџер на раперот рече дека Кулио отишол во бањата кај пријател, но веќе не излегол. Неговиот пријател го повикал, а на крајот тој влегол и го нашол Кулио како лежи на подот.