Жестоки борби се водат во регионите Доњецк и Луганск, а украинската армија ги држи своите позиции, изјави вчера во видео обраќање претседателот на Украина Володимир Зеленски.
„Активните операции продолжија во различни делови на фронтот. Ситуацијата е многу тешка во Доњецк и Луганск. Најтешко е во правец на Бахмут (на север од Доњецк)“, рече Зеленски и додаде дека украинската армија ги држи своите позиции.
Зеленски рече дека прават се за да ги соборат непријателските ракети и беспилотни летала и додаде дека работат на тоа руските окупатори на истокот и југот на земјата да почувствуваат дека немаат шанси.
„Украина дефинитивно ќе врати се што и припаѓа“, рече претседателот Зеленски.
Тој им се заблагодари на САД, американскиот народ и претседателот Џозеф Бајден за новиот пакет воена помош.
„Имаме нов одбранбен пакет од САД, вреден 725 милиони долари“, рече тој, а во тој пакет има и муниција за ХИМАРС.
Тој посочи дека Украина работи на одржување на редот во ослободените области на земјата и обезбедување социјални и медицински услуги, како и снабдување со вода, струја и гас.