175 санкционирани возачи во Скопје, 42 под дејство на алкохол

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 42 мерки возење под дејство на алкохол, 15 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за недавање првенство на минување на пешаци, три мерки за нерегистрирани возила…

Слични содржини