Иран: Бајден се меша во нашите внатрешни работи

од Stefanija Kuzmanovska
161 прегледи

Поддршката што американскиот претседател Џозеф Бајден им ја даде на иранските демонстранти, официјален Техеран ја нарече мешање во внатрешните работи на Иран, објави денеска Иранската студентска новинска агенција (ИСНА).

Коментирајќи ги демонстрациите во Иран, кои избувнаа по смртта на Махса Амини во притвор на 16 септември, Бајден рече дека е изненаден од храброста на иранскиот народ кој излезе на улиците да протестира, пренесува „Ројтерс“.

„Во саботата Бајден се вмеша во внатрешните работи на Иран поддржувајќи ги немирите. Претходните денови американската администрација очајно се обидуваше да ги разгори протестите во Иран, под различни изговори“, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи, Насер Канани.

Слични содржини