Иако принцот Хари (38) и Меган Маркл (41) со години се спротивставуваа на сите прозивки на сметка на нивната љубовна врска и го штитеа бракот од „напади“, од почетокот на врската се соочија со низа тешкотии и пречки. Имено, во еден период сè погласни се коментарите дека војводата од Сасекс ја изневерувал сегашната сопруга со модел, што многу ја променило нивната врска.
Многумина беа изненадени од информацијата дека на почетокот на врската со актерката, како што наведуваат странските медиуми, Хари „седел на две столчиња“, и дека воопшто не ѝ бил посветен на Меган на вистински начин.
Имено, кога започнал врска со војвотката од Сасекс, која ја запознал на состанок кој го наместиле нивните пријатели, тој се уште немал раскинато со манекенката Сара Ен Меклин.
Принцот ја запознал оваа убавица на приватна забава, а Сара веднаш го маѓепсала со својот изглед и харизма. По тој состанок, Хари ѝ праќал пораки додека манекенката не се согласила да излезе со него. Нивната романса ја опиша и кралската биографка Анџела Левин во нејзината нова книга.
Како што напишала, Хари долго размислувал дали да ја продолжи врската со Меган Маркл или со Сара, а убавата манекенка била таа што му ја олеснила одлуката само од една причина.
„Тие се многу слични, но секој од нив тргна по својот пат“, навела Левин.
Сепак, Сара решила да се повлече од животот на принцот поради неговите проблеми со алкохолот.
„Сара води уреден живот, не консумира алкохол и тоа е причината поради која двајцата потешко функционираа. Од друга страна, Хари не е тип за врзување, па нивната врска заврши уште пред да започне“, изјави пријателка на манекенката.
Кога оваа информација се појави во јавноста, многумина го споделија мислењето дека Меган „го добила заслуженото“, бидејќи долго време се шпекулираше дека таа го изневерувала Хари со поранешното момче.
И покрај сите гласини, принцот и актерката се венчаа во 2018 година, а сега имаат две деца. Од друга страна, Сара продолжи да се надоврзува на многу успешна кариера како модел и нутриционист.