Песков: НАТО де факто влезе во конфликтот во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
148 прегледи

НАТО де факто се приклучи во украинскиот конфликт, но тоа не влијае на целите на Русија – нејзиниот потенцијал овозможува специјалната операција да продолжи и таа ќе биде доведена до крај, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој за телевизискиот канал „Русија 1“, на новинарско прашање колку вмешаноста на НАТО во конфликтот ја отежнува позицијата на Русија, рекол дека ситуацијата е „суштински потешка“.

„За тоа веројатно е потребна наша внатрешна економска мобилизација и други видови мобилизација. Едно е режимот во Киев, а друго е потенцијалот на НАТО. Тоа е дополнителен товар, но нашиот потенцијал ни овозможува да ја продолжиме операцијата во тие услови“, истакна Песков, пренесува „Спутник“.