Во Белорусија пристигнуваат 9.000 руски војници, откриено каде ќе бидат распоредени

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

Белоруското министерство за одбрана денеска објави дека нешто помалку од 9.000 руски војници ќе бидат распоредени во Белорусија како дел од регионалната групација на силите за заштита на границите на Белорусија.

Шефот на одделот на министерството за одбрана за меѓународна воена соработка Валериј Ревенко на Твитер напиша дека во Белорусија вчера почнале да пристигнуваат првите руски војници и дека ќе пристигнат во следните неколку дена.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатата недела изјави дека белоруски и руски трупи ќе бидат распоредени во близина на границата со Украина поради заканите од таа земја и од Западот.

Слични содржини