Лошо одржување на автопатот „Струма“ една од причините за смртта на 45-те Македонци во автобусот

од Берта Китинска
146 прегледи

На крајот на ноември 2021 година, 45 лица го загубија животот во тешка автобуска несреќа на автопатот Струма пред клучката Бошнек. Вештачењето на спроведената предистражна постапка докажува лошо одржување или целосно отсуство и на ознаките на патиштата и на патната сигнализација. Ова го изјави и еден од адвокатите во случајот – Николај Димитров, кој застапува дел од жртвите во несреќата.

За трагичната автобуска несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани, меѓу нив и 13 деца, не е виновен само возачот на автобусот туку и државната агенција Патна инфраструктура.

Вештачењето на спроведената предистражна постапка за трагичната автобуска несреќа кога во ноември минатата година на автопатот Струма во Бугарија се запали македонски автобус и изгореа 45 македонски државјани, докажува лошо одржување или целосно отсуство и на ознаките на патиштата и на патната сигнализација, изјави еден од адвокатите во случајот – Николај Димитров, кој застапува дел од жртвите во автобуската несреќа.

Вештачењето ја докажува вината и на вработените во АПИ (Агенција за патна инфраструктура) и на возачот на автобусот.

„Вештакот изврши увид на критичниот дел, како и неколку километри пред него, и констатирал 2 вида нарушувања, едното нарушување се однесува на тоа што не е изградено од патната инфраструктура, а другиот недостаток е во тоа што и да биле изградени, не биле соодветни“, рече адвокатот Георги Радков.

-Затоа, во понеделник, ќе поднесеме тужба во софискиот градски суд, а самата постапка веќе влегува во судска фаза. Вкупната цена на целата оштета е повеќе од 2 милиони лева. Зборувам само за оние луѓе кои ние ги застапуваме. Посебно има и многу други повредени, посочи адвокатот Николај Димитров.

Слични содржини