Маричиќ: Вредно е да се разгледа иницијативата на опозицијата за промена на Законот за здруженија и фондации

од Берта Китинска
114 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ смета дека слободата на здружување е светост во една демократија и таа мора да се почитува, но исто така треба да се почитуваат и јавните вредности кои се поврзани со антифашизмот.

Тој, во интервју на телевизија Канал 5, рече дека се потребни измени на Законот за здруженија и фондации и дека овој закон, кој е стар десетина години треба да се ревидира.

„Вредно е да се разгледа иницијативата на опозицијата за промена на законот. Имавме сигнали од пратениците од владејачкото мнозинство дека би го прифатиле тоа“,
рече Маричиќ.

Слични содржини