Кралот Чарлс ќе прекине традиција стара речиси 200 години

од Nikola Popovski
273 прегледи

Кралот Чарлс нема да се всели во Бакингемската палата, величествената резиденција во која од 1837 година живеат шест британски кралеви и кралици, пишува шпанска „Марка“.

По смртта на кралицата Елизабета Втора, оваа вест изненади многумина во британското кралство.

Кралот и неговата сопруга Камила ќе продолжат да живеат во нивната резиденција Кларенс Хаус, каде што се од 2003 година.

Исто така, се претпоставува дека Чарлс нема да ја смени адресата дури и по завршувањето на реновирањето на зградата, која е официјална адреса на британските монарси, во 2027 година.

Чарлс III ја донел оваа одлука затоа што верува дека Бакингемската палата, каде што Елизабета Втора живеела до 2002 година, не е економски и финансиски одржлива, изјави извор за „The Sunday Times“. Од друга страна, тој се чувствува многу удобно во Кларенс Хаус.

Бакингемската палата сепак ќе остане официјална резиденција на новиот британски крал и сопруга на кралицата.

Голем скандал предизвика крунисувањето на Чарлс Трети, закажано за 6 мај следната година во Вестминстер Хол во Лондон, а повод беше круната што требаше да ја носи неговата сопруга. Поради спорниот дијамант на тој вреден историски накит, реагираше владејачката партија во Индија која посочи дека каменот потсетува на колонијалното владеење на Британија.

Палатата сака да избегне голем меѓународен скандал, па кралицата веројатно нема да ја носи круната на важната церемонија во 2023 година.

Слични содржини