Денеска пратениците ќе дискутираат за предлогот за избор на Ристо Пенов за министер за локална самуправа.
Тој е предложен за ова министерско место откако досегашниот министер за локална самоуправа Горан Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата од лични причини.
Пенов е поранешен градоначалник на Скопје и има најдолг мандат на таа позиција (1996-2005). Беше претседател на ЛДП во два мандати до 2007-ма година.
Досега не бил министер или функционер во владата, а во два мандати до 2011-та година беше пратеник. По смената во ЛДП таа година, Пенов повеќе време посвети на бизнисот отколку на политиката во која не беше активен.
Претходно премиерот Ковачевски изјави дека во моментов нема никаква најава за какви било промени во владиниот состав.